Бали

Бали – Рајскиот остров на боговите. Сместен во југоисточна Азија, на екваторијалниот премин на Индинскиот со Тихиот Океан, Индонезија, овој тропски остров е толку сликовит што на прв поглед ќе ви се чини нереален. Опкружен е со кристално чисто море и долги, бели песочни плажи, додека во внатрошноста владеат џунгли, високи вулкански планински масиви, сликовити локални населби и импресивни оризови тераси. Бали е дестинација и атракција за секој посетител. Плени со богатото историско наследство за кое балижаните се особено горди. Овој народ успеал да ја задржи својата долга верска традиција која се отсликува на секој начин во секојдневниот живот на населението и во архитектурата која изобилува со величенствени храмови и палати.