8ми Март – КУРШУМЛИСКА БАЊА

  • Hotel Planika Kursumliska Banja
8ми Март – КУРШУМЛИСКА БАЊА 2024-12-23T10:14:12+02:00

Project Description

Некогаш најпознатиот центар за рехабилитација на Балканот, по 16 години пауза, повторно е отворен за туристи, сега во ново руво. Комплетно реновираниот хотелски комплекс Куршумлиска Бања е лоциран на падините на Копаоник, покрај долината на Бањска Река, на 10км од Куршумлија. Лековитата моќ на термоминералната вода која овде извира е потврдена уште во времето на Римјаните, а денес достапна до вас преку понудата на современиот медицински и велнес центар на хотелот „Планинка“. Хотелскиот комплекс е поставен на површина од 17.000 м2 и располага со 8 базени со термо минерална вода погодни за пливање на отворено или затворено во секое време од годината. Бидете дел од нашето прво патување овој март во Кушумслиска Бања.

1 ден 07.03.2025 (Петок) КОЧАНИ/ШТИП – КУРШУМЛИСКА БАЊА:

Состанок на групата во 04:15 часот кај судот во Кочани. Поаѓање за Србија во 05:30 часот. Попатно, преземање на патниците од Штип, Велес, Скопје… Се патува преку  граничниот премин Табановце. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планика 4*. Слободно време за одмор и релаксација со користење на Спа содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање

2 ден 08.03.2025 (Сабота) КУРШУМЛИСКА БАЊА

Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река во прекрасно опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.

3 ден 09.03.2025 (недела) КУРШУМЛИСКА БАЊА – КОЧАНИ:

Појадок
. Нашуштање на собите според хотелските правила. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Тргнување за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце сп кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ165€/ 10230 денари за уплата до 31.01.25

         РЕДОВНА ЦЕНА : 175€/ 10850  денари

Во цената е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во Хотел Планинка 4* во двокреветни соби на база 2 ноќевања

  • Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)

  • Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
  • Користење велнес содржини: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, Kneipp патека, соба за релаксација
  •  Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
  • Туристичка такса

  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената НЕ е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги)

Напомена:

  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот

  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника

  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 08.03.2020 година или валидна лична карта

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично

ПАТУВАЈТЕ СО ТА МЕТФИЛ